ЕТАИ
Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика

Финансиски помогнато од

Здружение за ЕТАИ

ЕТАИ
Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика
ул. „Даме Груев“ бр. 14а, 1000 Скопје, Република Македонија
поштенски фах 139, во Домот на ИМИ


Целите и намените на Здружението се следните:

Да го стимулира и координира следењето на современиот развој во сите полиња и области на инженерските науки и технологии ЕТАИ.
Да презема активности или иницијативи за побрзо и поефикасно пренесување на новопојавените научни знаења и технологии ЕТАИ.
Да организира, охрабрува, поттикнува и поддржува примена и употреба на нови научни знаења ЕТАИ во практичните технолошки проблеми во соодветните полиња на инженерската дејност.
Да ги охрабрува и зајакнува размените на професионални инженерски и научни и техничко-технолошки идеи во областите ЕТАИ.
Да работи на трансферот на знаења и технологии ЕТАИ во земјава, како и кон другите земји.
Да се грижи за професионалниот и научниот напредок и за другите заеднички интереси на членовите на Здружението, за соработка со другите здружени огранизации-членки во рамките на Инженерската институција на Македонија, како и за сталешките интереси и јавната општествена позиција на индивидуалните членови на здруженијата на техничката интелегенција во целост.
Да ја стимулира и помага работата на развојот на националните професионални стандарди и техничките нормативи во областите ЕТАИ.
Да го зајакнува и поддржува професионално-стручниот напредок на индивидуалните членови низ форми на перманентно образование и оспособување во областите ЕТАИ.

Членство

Секој државјанин на Република Македонија, кој работи во некое од професионалните полиња на инженерството, науките и технологиите ЕТАИ како дипломиран инженер едукатор, изведувач, иноватор, истражувач, научник, конструктор и проектант и автор на инженерски и научни дела може да стане член на Здружението за ЕТАИ ако искаже желба за тоа (во писмена форма). Со овој чин, преку Здружението, тој наедно е и член на Инженерската институција на Македонија (ИМИ).
Покрај државјаните на РМ, членови на Здружението од предходниот став, а со тоа и на Институцијата ИМИ, но под истите наведени услови, може да стане и странски државјанин кој професионално е ангажиран во некое од полињата ЕТАИ на инженерските науки, струки и технологии.
Индивидуалното членство може да биде во еден од следниве статуси:

  • член - инженер;
  • член - дипломиран инженер;
  • овластен самостоен инженер.

Во Здружението за ЕТАИ, како и во Институцијата ИМИ, се препознатливи и следниве посебни статуси:

  • истакнат член
  • заслужен член;
  • почесен член.

Надлежности на генералниот Секретар на Здружението:

  • да се грижи за сета документација и за уредното работење сообразно со позитивните законски регулативи на Здружението.
  • да соработува најнепосредно и секојдневно со претседателот на Здружението врз оперативното раководење со остварувањето на годишната и мандатна програма за работа и активности на Здружението.
  • да извршува евентуални овластувања од страна на Претседателот на Здружението сообразно со дадениот исказ за тоа каде, кога и како што се укажува потреба, а во конкретен временски период, услови и задачи за фактичките делегирани овластувања;
  • соработува со Претстедателот во подготовката на потребните наредби за менаџментско управување на фондовите со кои располага Здружението;
  • ја надгледува работата на СПА во соработка со Претстедателот.

Едно исто лице може да биде избирано за генерелен скеретар на Здружението повеќе од два последувателни мандатни периоди.

Генералното собрание е највисок орган на Здружението
Надлежности на Генералното Собрание се:

  • Донесува статут на Институцијата
  • Ги избира и разрешува претседателот на Генералното Собрание, претседателот на Здружението, кој истовремено е претседател на Управниот Одбор и претставник на Здружението, претседателот на Секретаријатот запрофесионално- стручни активности; исто така го избира и разрешува Генералниот секретар на Здружението и ги избира и разрешува членовите на Управниот Одбор
  • Ги потврдува и одобрува одлуките за пристапување на Здружението во членство на меѓународни асоцијации од препознатлив ранг и сличен карактер и области на дејност;
  • Донесува финансиски план и усвојува завршна сметка;
  • Донесува Програма за дејствување на Здружението;
  • Одлучува за доделувањето статус истакнат член и за избор во статусите заслужен член и почесен член, како и за избор во номиниран кандидат за признание од друга институција или орган;
  • Одлучува, по пат на двотретинско мнозинство, за укинување и распуштање на Здружението;

Членовите на Здруежнието ги имаат следниве обврски:

  • Да ги почитуваат принципите, регулативите, одлуките и сите правосилни документи на Здружението, утврдени и донесени со овој Статут;
  • Да учествуваат активно во извршувањето на разни задачи преземени во име на Здружението за исполнување на нејзините цели сообразно со нивната професионална преокупација;
  • Да учествуваат активно во стручните и другите професионални активности преземени во име на Здружението сообразно со нивната професионална преокупација;
  • Да учествуваат активно во јавните активности на Здружението и на Институцијата ИМИ во интерес на сталешко-професионалниот статус и правата на инженерите;
  • Да партиципираат во остварувањето на финансиската програма на Здружението, сообразно со утврдената регулатива од страна на надлежните органи, а во согласност со начелата дефинирани во овој Статут.

Членовите на Здружението ги имаат и остваруваат следниве права:

  • Да ги изразуваат слободно и отворено своите идеи, мислења и ставови и да даваат предлози за акции кон подобрување на работата, на јавните настапи и операции и на други активности на Здружението.
  • Да даваат предлози за дејствување кон подобрување на стручните инженерски и научни активности и формите на едукативно-обучувачка дејност во рамките или под покровителство на Здружението или на Инженерската институција на Македонија;
  • Да партиципираат активно и рамноправно во остварувањето на сите активности што се преземаат од името на Здружението;
  • Номинираат свои кадри за сите стручни тела на Здружението за кои имаат интерес, кои се конституираат според принципот на еднаква застапеност на четирите основни струкови области;
  • Номинираат свои кадри за управните органи и истакнати раководни места на Здружението;
  • Номинираат свои кадри за официјалните делегации и индивидуални кандидати на Здружението во Инженерската институција на Македонија;
  • Имаат увид во сите активности и документи на Здружението.

Членството во Здружението, а со тоа и на Институцијата ИМИ, на членовите може да престане во следните случаи:

  • Врз основа на поднесен писмен документ - барање за истапување од Здружението, како неотуѓиво лично право на човекот и граѓанинот;
  • Врз основа на одлука за исклучување донесена од Генералното собрание на Здружението заради сериозно кршење на овој Статут и на Принципите на инжнерската етика, а по спроведена постапка на статутарно надлежната дисциплинска арбитража на Здружението со која е утврдено постоење на намерно дејство против интересите на Здружението или пак погазување на професионалната инженерска етика;
  • Врз основа на поништување на членството поради неплаќање на индивидуалната членарина подолго од 2 (две) години, а не се работи за случај на подолготрајна невработеност.

Надлежности на Претседателот на Здружението за ЕТАИ

  • Да го претставува Здружението како легална и легитимна научно-стручна организација и да го застапува Здружението како правно лице;
  • Ги потпишува актите и договорите од име на Здружението, следејќи ги одлуките донесени од официјалните органи и тела на Здружението
  • Делегира дел од своите овластувања на Генералниот секретар или на член од Управниот одбор
  • По функција е член и раководител на Управниот Одбор;
  • Ги свикува и претседава со седниците на Управниот Одбор;
  • Издава наредби за менаџментско управување на фондовите со кои располага Здружението;
  • Ја надгледува работата на Секретаријатот за професионално-стручни активности во соработка со Генералниот секретар;
  • Ја надгледува работата на Генералниот секретар.

За прелиминарни подготовки при извршувањето на неговите задачи, Претседателот на Здружението има право да именува Консултативен одбор со состав од редот на истакнати поединци во Здружението, донесувајќи соодветен пишан указ, и да го свикува според потреба Едно исто лице не може да биде бирано за претседател на Здружението повеќе од два последователни мандатни периоди

Програма за дејност и работа
Генералното собрание на Здружението за ЕТАИ, одржано на 25 декември 1998 г. во Охрид, а врз основа на трансформацијата на Здружението согласно со Законот за здруженија на граѓани и фондациите (Службен весник на Р.Македонија бр. 31 од 02.07.1998г.), а посебно со оглед на членовите 5, 20 и 76 од Законот и членовите 8, 9 и 10 од Статутот на Здружението, ја утврди и донесе следнава Програма за дејност и работа:

  • Да го стимулира и координира следењето на современиот развој во сите полиња и одделните подрачја на инженерските науки и технологии во областите ЕТАИ (електроника, телекомуникации, автоматика и информатика) во пошироката смисла сообразно со новопојавуваните специјализирани научни знаења и технологии во ЕТАИ областите.
  • Да презема научно-стручни и други активности за побрзо и поефикасно пренесување на новопојавуваните научни знаења и технологии во инженерските полиња ЕТАИ во сите облици и инженерска дејност и на интелектуален инженерски труд преку соодветни погодни форми на организирано дејствување.
  • Да оргазинира, охрабрува, поттикнува и поддржува примена и употреба на нови научни знаења кај инженерските полиња во практичните технолошки проблеми на областите ЕТАИ, како и да го поттикнува на сите можни начини технолошкиот напредок на земјата во областите ЕТАИ.
  • Да ги охрабрува и зајакнува размените на професионални инженерски и научни и техничко-технолошки идеи во областите ЕТАИ, како и споделувањето на знаења помеѓу научно-истражувачките и развојно-техничките и проектанските работи што се одвиваат на универзитетите, во приватните и јавните компании во стопанството, и кај истражувачко-развојните институти во нашава земја и во меѓународната соработка со странски партнери.
  • Да работи организирано врз трансферот на ЕТАИ знаења и технологии во земјава и кон другите земји во развој преку организирање или поттикнување различни форми на професионални средби и презентации, техничко-технолошки изложби и конкурсни натпревари, семинари и симпозиуми.
  • Да работи на трансферот на ЕТАИ знаења и технологии во земјава и кон другите земји во развој преку организирање или поттикнување различни форми на промовирање и публикување на инженерските резултати од научноистражувачки, проектански или конструктивно-градбен карактер, како и преку пропагирање на интересите, важноста и влијанието на инженерските науки и технологии во областите ЕТАИ за општиот напредок на економијата и културата на општествените заедници.
  • Да се грижи за професионалниот и научниот напредок и за другите заеднички интереси на членовите на социјативната зедницата на инженерите специјалисти во одделните области и подрачја на ЕТАИ технологиите, како и за сталешките интереси и јавната општествена позиција на индивидуалните членови на Здруженитео за ЕТАИ и пошироко за техничката интелегенција во целост.
  • Да промовира истражување и секакви форми на инвентивна работа и инженерска креативност во полињата на дејствување на Здружението за ЕТАИ.
  • Да ја зајакне и осигура растечката соработка помеѓу самите членови на Здружението, како на индивидуална така и на групно рамниште, а исто така и помеѓу нив и други професионални инжнерски организации во земјата и странство со кои областите ЕТАИ имаат интердисциплинарна и меѓудисциплинарна спрега или взаемна потреба, а особено да ја поттикнува и помага меѓународната научно-стручна соработка.
  • Да организира изработка на посебни инженерски студии и изведба на посебни техничко-технолошки презентации од особена јавна важност од интердисциплинарен карактер или за специјална намена во кои ЕТАИ технологиите имаат витално, носителско или суштествено влијетелно заначење.
  • Да организира и поддржува публикување на научно-истражувачки и технолошко-истражувачки или есеистички и уметнички трудови на индивидуалните членови на Здружението заради јавна промоција и пропагација на областите ЕТАИ во кутурата на земјата, како и да организира и изведува сопствена издавачка дејност на научна и друга професионална литература.
  • Да ја стимулира и помага работата на развојот на националните професионални стандарди и технички нормативи или пак на критичка обработка, трансфер и усвојување на такви стандарди и нормативи за областите ЕТАИ во нашава земја.
  • Да го зајакнува и поддржува професионално-стручниот напредок на индивидуалните членови низ форми на перманентно образование, обновување на знаењата и друго стручно оспособување во областите ЕТАИ.
  • Да го организира и спроведува во соработка со членовите јавното оценување за потврдување на степенот на инженерска професионална компетентност за самостојна дејност во струката и претендираните специјалности, како и издава легални документи за таа намена, со доверено јавно овластување сообразно со членот 12 од Законот за здруженија на граѓани и фонадции.
  • Да се грижи и иницира мерки во соработка со членовите на сите научно-стручни организации за одделните инженерско-научни полиња за јавно почитување, уважување и чување на професионалната етика на инженер или научник или едукатор од страна на индивидуалните членови на организацииите-членки на Инжнерасаката институција (ИМИ) и Инжнерската комора на Република Македонија, како и од сите припадници на инженерскиот сталеж, воопшто.
  • Да се грижи и придонесува за општиот прогрес на инженерските дисциплини во областите ЕТАИ и одделните стручни домени од посебен интерес за членовите на Здружението за ЕТАИ како полиња на најсовремни и пропулзивни науки и технологии на човештвото.

Секретаријатот за професионално стручни активности ги има следниве задачи:

  • Соработува со Претседателот и Генералниот секретар во сите професионално-стручни активности на Здружението;
  • Соработува со Генералниот секретар во координирањето на опертивната работа за потребите на организациските и програмските одбори за научно-стручните собири;
  • Ги следи финансиските остварувања од професионално-стручните активности и подготвува соодветни извештаи за Управниот одбор и Генералното собрание;
  • Се грижи за утврдување можности и препораки за унапредување на работата на Здружентието на полето на облиците и начините на професионално-стручни активности врз основа на статутарните цели и програмските задачи;
  • Соработува со Управниот одбор на Здружението за ЕТАИ, со Скретаријатот на Инжнерската институција на Македонија и со соодветните државни министерства;

Надлежности на Управниот Одбор:

  • Ги спроведува статутарните и програмските задачи;
  • Работи врз извршувањето на тековната годишна и на мандатната програма за работа на Здружението кои се донесени од Генералнот собрание;
  • Ја води оперативната работа на Здружението во поглед на сите прашања од надлежност и право на Управниот Одбор;
  • Подготвува годишни финансиски планови и усвојува годишни финансиски биланси на Здружението;
  • Гради политика на публикување и раководи со издавачката дејност;
  • Ги именува организационите и програмските одбори за симпозиумските и сличните активности на Здружението;
  • Ја надгледува, поттикнува и помага работата на Секретаријатот за професонално-стручни активности и ги разгледува и узвојува неговите годишни извештаи;
  • подготвува прегледни годишни извештаи за годишните заседанија на ГеСо во сите аспекти и утврдува пригодни предлози;
  • Се грижи за сите записи и документации на Здружението;
  • Дава предлози за иновирање и ажурирање на Програмата за дејствување на Здружението.

Документи

Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје



Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје



Македонска секција на IEEE



Оддел за телекомуникации при македонската IEEE секција



Здружен оддел Кола и системи, Компјутациона интелигенција и Системи на управување - CAS/CIS/CS, при Македонската секција на IEEE



Македонска Секција Здружен оддел за електронски компоненти, инструментација и мерења и полупроводничка електроника



Оддел за процесирање на сигнали при македонската IEEE секција



Оддел за инженеринг во медицината и бијологијата при македонската IEEE секција



Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола



Технички факултет – Битола



Инженерска институција - Скопје



Министерство за образование и наука



Агенција за аудио и аудиовизулени медиумски услуги